Потпишан Меморандум за соработка со Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“

Здружението „Во мојот свет“ со особено задоволство објавува дека потпиша Меморандум и Протокол за соработка со ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ – Скопје, со цел обезбедување пристапна, инклузивна и стручна стоматолошка грижа за лицата со попреченост .

Овој чекор претставува значајна пресвртница во грижата за здравјето на нашите корисници – деца, адолесценти и млади со невроразличност, кои често се соочуваат со пречки при користењето на класичните стоматолошки услуги.

Што опфаќа оваа соработка?

🔹 Стоматолошки прегледи и интервенции под општа анестезија – за лица кај кои е невозможно да се реализира интервенцијата во стандардни услови поради сензорна пречувствителност, страв, или зголемена анксиозност.

🔹 Пристапна ординација – адаптирана средина каде лицата со попреченост ќе се чувствуваат прифатено, безбедно и разбрано.

🔹 Континуирана поддршка по интервенцијата – со навремени информации, следење на состојбата и поддршка на семејствата во целиот процес.

Ова партнерство ја отсликува нашата заедничка визија: јавниот здравствен систем да биде отворен и достапен за сите, без исклучок.

Нашето здружение ќе има активна улога во подготовка на пациентите, комуникација со родителите и спроведување на прилагодена поддршка, за процесот да биде што е можно побезболен и попредвидлив за сите страни.

Закажување на стоматолошки преглед:

📍 преку матичен стоматолог на www.mojtermin.mk

📞 075 435 445 (работни денови, 08:00 – 14:00)

📧 info@univdentalclinic.org.mk

💙 Заедно градиме здравствен систем по мерка на сите – достоинствен, инклузивен и хуман.

„Во мојот свет“ – затоа што секој свет е вреден за грижа.

Поврзани информации: