Компанијата ЗЕГИН Ве поканува на нова Спектратон трка, која ќе се одржи на 23.03.2025 со почеток во 9 часот:
Почитувани,
Подгответе се за настан, каде трчањето се среќава со забавата, а хуманата страна зазема централно место! Придружете ни се на ZEGIN СПЕКТРАТОН-ТРКА НА ХЕРОИ ВО СИТЕ БОИ, едиција 2!
Минатата година покажавме дека заедно можеме да направиме многу за оние на кои сме им потребни. Нашата мисија беше препознаена како една од најдобрите социјално одговорни практики за 2024 година. Ајде да ја покажеме нашата хумана страна и оваа година, бидејќи секој еден е важен!
Средствата од вашата котизација ќе бидат целосно донирани за лицата со аутистичен спектар и атипичен развој.

Датум: 23.03.2025
Време: 9 часот
Почетна точка: Парк Јане Сандански, населба Аеродром
Ова не е ваше типично трчање – ова е прекрасно искуство кое ќе направи да се чувствувате енергично и инспирирано.
Регистрацијата е отворена ! Резервирајте го вашето место:
https://trka.zegin.com.mk/mk/events/zegin-spectrathon-2025/register
За повеќе информации следете нè на социјалните мрежи
- Facebook https://www.facebook.com/zegintrka
- Instagram https://www.instagram.com/trka_zegin/
Не ја пропуштајте можноста да трчате, да се поврзете со истомисленици и заедно повторно да оствариме една голема хумана мисија!
Се гледаме на стартната линија!
Со почит,
ЗЕГИН
Важна информација за подигнување на твојот Зегин Спектратон стартен пакет:
Парк Јане Сандански, Аеродром (на аголот меѓу истоимениот Булевар и Булевар „Србија“)
22.03.2025
10:00-20:00 часот
