Голема благодарност и почит до Фондацијата Др. Верица Механџиска и Зегинза уште еден истрчан маратон со нас, каде мултидисциплинарниот пристап во дијагностиката и третманот кај аутизмот и АДХД, научните истражување и искуствата на родителите беа шампиони и гласници за поттикнување на општествената поддршка, разбирање и прифаќање на аутизмот и АДХД во општеството. Во текот на овие три дена (13-15.11.24) во хотелот Лимак во Скопје се обединија бројни, врвни експерти од земјава и странство, вклучувајќи психијатри, невропсихијатри, педијатри, генетичари, психолози, специјални едукатори и рехабилитатори и логопеди. Преку различни истражувања и нанјнова пракса не водеа низ патот кој бројни родители го поминале барајќи одговор, почнуваќи од детекцијата на развојни отстапување, преку спроведување на генетски, микробиолошки анализи и дијагностички процедури, па се до ран третман и откривање на потенцијалот на лицата со аутизам и АДХД во функција на работно оспособување.