Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ го гради првиот Центар за адолесценти возрасни со аутистичен спектар во Р.С. Македонија, финансиран по програмата „Официјална помош за развој“ на Република Бугарија. Министерот за здравство Арбен Таравари, амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски, извршија увид во градежните работи.
Центарот ќе се протега во 480 м². По завршување на реконструкцијата и реновирањето ќе биде опремен со соодветна опрема за стручна помош и поддршка, индивидуални и групни активности за стекнување на животни и работни вештини, социјални, културни и рекреативни активности, советување, обука. Обезбедување функционална и социјална поддршка – подобрување на квалитетот на животот на младите и возрасните со нарушувања од спектарот на аутизам и атипичен развој.