Учество на реализацијата на ERASMUS проектот „Out Can Be In“ меѓу Македонија, Турција и Франција. Посета на институциите за домување, едукација, третман и медицинска грижа на лицата со аутистичен спектар, кои функционираат под капа на Здружението за аутизам “La Burgeuette”, кое датира од 1974 година.
Во тек е реализацијата на ERASMUS проектот „Out Can Be In“, кој започна во Турција, потоа во Франција, каде преку активности со музика и пеење се промовираа инклузија, прифаќање и разбирање на лицата со аутизам. Активностите се реализираа во Институтот за домување и медицинска грижа „Les Capelieres“ со учество на неколку корисници. Дополнително беше реализирана посета на институциите за домување, едукација, третман и медицинска грижа на лицата со аутистичен спектар, кои функционираат под капа на Здружението за аутизам “La Burgeuette” кое датира од 1974 година. Најпрво го посетивме Институтот за едукација на деца и младинци до 25 години, кои одржуваат прекрасна сензорна градина, која ги стимулира сите сетила. Имавме чест да го посетиме и ресторанот каде храната е подготвена и послужена од вработени лица со аутизам, храната беше превкусна, а домаќините насмеани и гостопримливи. Потоа ги посетивме пластениците, каде се одгледуваа овошни и зеленчукови култури и фармата за одгледување кози и производство на козјо сирење. Низ целиот процес не водеа вработените и корисниците, внимателно и детално објаснуваќи ја нивната работа и производи (сирење, вино и керамички садови) кои најдобро го доловуваа вкусот на Јужна Франција.
Координатор на проектот е Франција, заедно со Турција и Невладината организација „Xanadu Art“ од Македонија, и претставник од нашето здружение како стручен сораборник. Во период од 24 до 28. 06.24 година претставниците од Франција и Турција ќе го посетат Охрид, каде ќе продолжат активностите преку музика, пеење и игра до подобро разбирање и прифаќање на аутизмот.