Зегин Спектратон трка

Хуманоста е главниот двигател во работењето на Зегин. Токму затоа, прославувајќи го своето постоење веќе 35 години како лидери на пазарот, ја организираа првата Зегин Спектратон трка, трка со една поголема цел, за еднаквост и инклузивност, со цел доразвивање на еднакво општество.
Средствата од секоја котизација беа донирани од фондацијата „Др. Верица Механџиска“ во Здружението “Во мојот свет” со цел побрзо да се изгради првиот дневен центар во регионот за адолесценти и млади со аутистичен спектар и атипичен развој.
Вистинските приказни создаваат вистинско влијание.

Поврзани информации: