Здружението Во Мојот Свет учествува со проект на конкурсот на НЛБ Банка: Рамка за помош. Проектот со кој учествува на овој конкурс има назив: “Заедно во инклузивна заедница”. Тоа е проект за социјална интеграција на адолесценти и млади со аутистичен спектар и атипичен развој. Проектот нуди комплексен и интегриран пристап кон поддршка и образование на младите со аутистичен спектар и атипичен развој, но има и потенцијал да го трансформира општеството во поглед на инклузија и поддршка на различни способности.
Интервјуто можете да го прочитате тука.