17 години светот се бори за промени, разбирање и прифаќање на лицата со аутизам.
Секој април Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ го одбележува Светскиот месец на аутизмот, почнувајќи со Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот одобрен од Обединетите Нации на 02.04.2007 година под слоганот “ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ”.
Секој ден се трудиме да ја оправдаме нашата мисија, а посебно во текот на овој месец, се фокусираме на споделување приказни, совети, информации и обезбедување можности за зголемување на разбирањето и прифаќањето на луѓето со аутизам и поттикнување на светската поддршка.
За да помогнеме, чекор по чекор да се создаде општество во кое лицата со аутизам се целосно поддржани и инволвирани во сите сфери на општеството.
Ве повикуваме сите кои ја споделувате нашата визија да ни се придружите на нашето патување кон посветла, поинклузивна иднина за лицата со аутистичен спектар и за сите нас!
Оваа година, месецот на аутизмот го започнавме со Панел дискусија наменета за родителите на децата со аутистичен спектар на нарушувања.
Теми кои беа дискутирани се следните:
- Рани знаци и дијагностика на аутизмот – М-р Марија Бојаџи Љатко, Психолог
- Медицински процедури и фармакотерапија кај аутизмот – Проф. Д-р Силвана Марковска Симоска, специјалист по детска и адолесцентна психијатрија
- Аутизмот низ призма на родител – М-р Ана-Марија Циглељак Симоновска, родител на дете со аутизам
- Ран третман и поддршка на поширокото семејство – М-р Ангела Чинговска, специјален едукатор и рехабилитатор
Им благодариме на стручните лица и на родителите кои беа дел од оваа Панел дискусија!