Радост и насмевки на нивните лица изнудија подароците од нашите долгогодишни соработници. Години наназад Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и Бугарскиот културен центар доделуваат новогодишни пакетчиња за нашите членови.
Здружението изразува огромна благодарност до Амбасадорот на Р. Бугарија во Скопје, г-дин Ангел Ангелов, неговата сопруга Билиана Ангелова и претседателката на Бугарскиот културен центар, Антониа Велева, кои поддржуваат низа проекти на Здружението, со посебен акцент на проектот за Социјални пакети со кој се обезбедуваат бесплатни третмани на наши членови од социјално загрозени семејства во центрите за третман и рана интервенција Во мојот свет во Скопје и во Охрид.