На 15.12.2023 година, Здружението присуствуваше на Меѓународна стручна трибина во Ниш, Република Србија на тема “НОВА ЕРА ВО ДЕТСКАТА И АДОЛЕСЦЕНТНАТА ПСИХИЈАТРИЈА: ФУНКЦИОНАЛНИ QEEG БИОМАРКЕРИ И РЕПЕТИТИВНА ТРАНСКРАНИЈАЛНА МАГНЕТНА СТИМУЛАЦИЈА ВО КЛИНИЧКА ПРАКСА” во организација на Здружението за помош на деца Инспирација. Свое излагање на трибината имаа и претставници на Здружението Во мојот свет, Силвана Марковска Симоска и Ангела Чинговска.
При посетата на Ниш имавме можност и да гостуваме на две различни локални телевизии во нивните утрински програми. Проф. д-р Силвана Марковска Симоска ја истакна важноста на соработката и размената на искуства која ја имаме со Здружението “Инспирација”. Емисиите може да ги погледнете на линковите подолу.