Ликовна работилница по повод 2-ри април, Денот за подигање на свеста за лицата со аутизам

Во центарот на Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет” во Скопје, најмалите дечиња реализираа забавна ликовна работилница на која сликаа на платно, на која присуствуваше Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по повод Светскиот ден на свесноста за аутизмот, а во рамки на кампањата ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ. На 03.04.2023 година се дружеа и забавуваа, како и дел од родителите на присутните дечиња имаа прилика да разговараат со Градоначалничката за подобрување на инклузијата на децата во општеството, со предлози за подобрување на секојдневните активности за децата со аутизам, и воедно подобрување и создавање услови за нивна самостојност.
“Градот Скопје континуирано работи и поддржува значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на лицата од аутистичен спектар и нивните семејства. Затоа на следната седница на Советот на Град Скопје ќе предложиме финансирање на проектирање и изградба на првиот центар за целодневна грижа, едукација и поддршка за деца со аутистичен спектар и атипичен развој и нивните семејства“, посочи Градоначалничката Данела Арсовска.
Здружението “Во Мојот Свет“ се заблагодарува за заложбите на Градот Скопје за подобрување на квалитетот на животот на лицата со аутистичен спектар, и за таа цел и додели благодарница на Градоначалничката Данела Арсовска за нивното делување.

Поврзани информации: