Креативна работилница по повод 2-ри април, Денот за подигање на свеста за лицата со аутизам

По повод 2 април Денот за подигање на свеста за лицата со аутизам, а во рамки на кампањата ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ, на 03.04.2023 година министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со претставниците на Светска Банка, го посетија Центарот за сензорна терапија ,,Во мојот свет”, Охрид. Заедно со децата од центарот имаа можност да бидат дел од креативната работилница, која е дел од редовните активности на Центарот за сензорна терапија „Во Мојот Свет“.
Во текот на разговорите министерката беше информирана за идните активности како и за подобрување на услугите кои центарот секојдневно ги овозможува на децата и нивните семејства.
Преку ваквите активности, се зацврстува и се зголемува инклузијата на лицата со аутизам, и воедно се подобрува нивната вклученост во поширокото општество.
За таа цел здружението “Во Мојот Свет“ и врачи благодарница на министерката Јованка Тренчевска, за досегашните заложби кои се многу значајни за подобрување на условите на живеење на лицата со аутистичен спектар и атипичен развој.

Поврзани информации: