Дечињата со аутистичен спектар на нарушување имаат потреба од различни типови на терапии и третмани. Терапијата со помош на животни многу често се смета како добра опција, бидејќи таа е без ризик, многу често бесплатна, може да се спроведува во домашни услови, и не влијае на другите терапии кои овие дечиња треба да ги посетуваат. Луѓето со аутистичен спектар кој стануваат љубители на животни, се приклучуваат на голема група на луѓе со кои можат да ја споделуваат љубовта и интересот кон животните. Наоѓањето и придружувањето на група на луѓе кои што имаат заеднички интерес, може да биде од животно значење за социјалната интеракција на лицата со аутистичен спектар.

Типови на терапија со животни
Секое животно може да ни пружи физичка, социјална или емоционална поддршка. Без разлика кој тип на животно ќе биде избран, бенефитите се големи, и овој вид на терапија е особено препорачлив за децата и возрасните со аутистичен спектар. Постојат пет типа на терапија со животни:
Сервисни животни. За сервисни животни скоро секогаш се бираат кучиња, и тоа постојат одредени раси кои најчесто се избираат за да бидат посебно обучени. Сервисните животни се корисни за децата или возрасните со Аутистичен спектар да им помогнат да се движат во просторот, да избегнуваат негативни интеракции или за да ги смират нивните емоции. Бидејќи овие животни се посебно обучени, често може да бидат и многу скапи.
Еве неколку работи кои сервисното куче може да ги направи за лицето со аутистичен спектар:
• Препознавање на вознемиреност и пружање на помош за смирување
• Спречување на аутистичното лице да се самоповредува или да повреди некој друг кога е вознемирено
• Намалување на анксиозноста преку лежење на нозете, или во скутот на личноста, односно создавање на притисок и со тоа намалување на анксиозноста
• Зголемување и подобрување на квалитетот на сонот
• Заштита на лицето со аутистичен спектар
• Препознавање и предупредување на напади и други коморбидни состојби

Животни за терапија. Како животни за терапија може да се одберат кучињата, мачките, папагалите, коњите и многу други животни кои можат да им помогнат на децата и возрасните со аутистичен спектар да изградат подобра социјална комуникација, да ги контролираат своите емоции, и да стекнат подобри вештини за играње. Терапевтските животни исто така се користат за да се воспоставуваат и одржуваат подобри позитивни социјални интеракции со врсници.
Тие исто така овозможуваат:
• Подобрување на фокусот и вниманието во социјалната комуникација и интеракција
• Помагаат во градењето на важни вештини како насочено внимание и концетрација
• Давање на поддршка во терапијата преку игра, и други пристапи за градење на социјалните вештини
• Обезбедување на мотивација за подобро бихејвиорално однесување
• Пружање на помош при сензорни потешкотии и емотивна анксиозност.

Животни за емоционална поддршка. Животни за емоционална поддршка најчесто се домашни миленици. Тие се животни кои им олеснуваат на лицата со аутистичен спектар на нарушување подобро да се справуваат со стресни ситуации како што се патувања, посета на доктор, одење на училиште и сл. Овие животни треба да бидат посебно обучени и сертифицирани од страна на клиничар, за да им биде дозволено на места на коишто вообичаено им е забранет влезот(пр. училиште, болница и сл.)

Домашни миленици. За многу луѓе со аутистичен спектар , домашните миленичиња обезбедуваат уникатен тип на социјална врска што неможе да се обезбеди преку други средства. Истражувањата покажуваат дека миленичињата ги подобруваат социјалните однесувања како што се заеднички интеракции и социјална интеракција. Чувањето на домашно милениче се покажува како особено корисно за развојот на лицата со аутистичен спектар на нарушувања.
Без разлика на видот на животно, тие може да обезбедат:
• Лесен, секогаш достапен механизам за самосмирување
• Подобрување на социјалната комуникација
• Преку намалување на анксиозноста, помагаат во намалување на предизвиците кои се појавуваат на одредени локации како аеродроми, големи сали со многу луѓе, големи и бучни ресторани и сл.

Хипотерапија (терапија со коњи). Хипотерапијата е уникатна на повеќе начини. Овој вид на терапија е истражен повеќе од другите терапии со животни и може особено да ги поддржи физичките и социоемоционалните вештини. Оваа терапија има долгорочни социјални и физички придобивки.
Бенефити кои може да ги имаат лицата со аутистичен спектар на нарушување се следните:
• Јавањето на коњ, може да помогне во зголемување на физичката сила, и подобрување на мускулната маса. Ова е многу важно, бидејќи многу лица со аутистичен спектар имаат слаб мускулен тонус.
• Комуникацијата со коњот може да влијае добро на градењето на социјалните комуникациски вештини. Лицето мора да размислува и да се прилагодува на желбите на коњот, а тоа претставува особено голем чекор за лицата со аутистичен спектар на нарушување.
• Хипотермијата исто така има позитивно влијае врз говорот кој се користи во социјалната интеракција. Преку различни студии се забележани подобрувања во социјалната комуникација, зголемување на вокабуларот, како и изговарање и учење на нови зборови. Други студии покажуваат долгорочно намалување на анксиозноста како резултат на хипотерапијата.
