Амбасадорот на Република Бугарија во Скопје Ангел Ангелов и неговата сопруга Билјана Ангелова приредија уште едно предновогодишно изненадување, но овој пат ги изненадија дечињата од центрите за сензорна терапија во Охрид. Амбасадорот и неговата сопруга секогаш драги и добредојдени гости кај нас поделија пакетчиња и со тоа донесоа насмевки и среќа кај дечињата и нивните родители. Им посакавме среќна нова година и уште многу вакви дружби и слатки изненадувања.