
Здружението на граѓани „Vitezovi osmeha“ од Нови Сад, првенствено се занимава со социјална заштита и поддршка на децата и младите во состојба на социјална потреба, како и деца и млади со пречки во развојот и лица со попреченост во процесот на социјална интеграција и вклучување во локалната социјална заедница. Здружението има организирано низа активности насочени кон промовирање на вредноста на толеранцијата, како и голем број конференции посветени на важни теми: општество, децата, старите лица и сите кои се во состојба или ситуација на која им е потребна поддршка. Конференциите се од ХУМАНИТАРЕН карактер и со симболични средства им помагаат на семејствата со деца кои се во социо-економски неповолни услови за живот во целиот регион (Р. Србија, Р. Хрватска, Босна и Херцеговина, Р. Северна Македонија) преку директни дејства.
Со таа цел на 21.12.2022 година нашето здружение зеде активно учество на Меѓународната конференција на тема „ОД ДРУГ АГОЛ – МОТИВАЦИЈА И УЧЕЊЕ НА ДЕЦА И МЛАДИ СО АУТИЗАМ“ која се одржа преку сервисот за електронска видео конференција (ZOOM платформа). Преку 30 минутна презентација на тема „Ефекти од раниот третман и нутритивните суплементи во раниот детски развој од аспект на родителите“ во кратки црти беше презентирано спроведеното истражување на мала мостра примерок на родители чии деца се корисници на услугите во нашите центри.