Презентација на ДАНДАН концепт за работа на професионалци и за родители на аутистични деца

На 22.12.2022 од страна на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ, а со поддршка од Чешката амбасада беше организиран настан на тема ДАНДАН концепт алтернативно-адаптибилен пристап во работата на професионалците со АДХД, АДД и АСН. На настанот присуствуваше и чешкиот амбасадор Јарослав Лудва.

Станува збор за алтернативен концепт кој е првенствено наменет за професионалци во областа на аутизмот, како и родители на деца со аутистичен спектар. Концептот ДАНДАН црпи и користи материјали и техники кои потекнуваат од изворните јапонски борбени вештини, уметност и филозофија, преку низа од искуства, методи, пракса и симбиоза со применетата психологија и техниките и методите на работа кои се користат во раниот третман.

Опфатеноста на истиот преку имплементација треба да резултира во својата содржина со дирекетен акцент на создавање на похармоничен однос во релацијата на родител/старател – дете – инструктор и обратно, во подобрувањето на концентрацијата и фокусот преку учење на вештините од современи методи и техники, безбеден физички и ментален излез за вишокот енергија, развој и прифаќање на самосознанието, меморијата, стимулација на фината и грубата моторика, координација на долни и горни екстремитети, како и контрола на телото.

Поврзани информации: