Уметноста појака од аутизмот

Пред неколку години на малиот Филип Циглењак-Симоновски случајно му биле понудени платно и акрилни бои за сликање кон кои покажал особен интерес. Интересот се претворил во секојдневна авантура на Филип низ која ги води сите околу него. Секојдневно растела неговата желба за сликање која довела до тоа да расте и бројот на неговите дела преку кои всушност Филип ни го покажува светот низ неговите очи.

Ана-Марија кажува: „Вложувајќи максимум од себе да се обидувам да отворам мало прозорче во неговиот затворен свет и да допрам до него, до неговите мисли, до неговото срце. Не жалам за ништо, за ниту една моја жртва како родител. Денес, гледајќи кон минатото сфаќам дека не отворивме само мал прозор во неговиот свет, туку ги срушивме и ѕидовите дозволувајќи му на сонцето силно да ја огрее неговата искрена, емотивна личност.”

Исто така Ана-Марија кажува дека во таа борба исклучително голема поддршка добиле од Здружението „Во мојот свет“ овозможувајќи му на нејзиното дете високо квалитетни стручни третмани, психолошка и друг вид на поддршка не само на детето туку и на нив како родители.
Филип е поинакво дете од другите, посебен и единствен на свој начин, мало детенце, голем уметник, личност која допрва ќе го зазема своето место во општеството и ќе ни биде голема чест на сите нас да бидеме дел од истото.

Поврзани информации: