На 14 и 15 ноември во градот Плевен, Република Бугарија се одржа Третата меѓународна конференција за аутизам и Форумот за квалитет на социјалните услуги во Бугарија во организација на Здружението “Аутизмот денес”, а под покровителство на потпретседателката на Република Бугарија, г-ѓа Илијана Јотова.
На конференцијата свое учество зема и Здружението “Во мојот свет” преку предавањето на Проф. Д-р Силвана Марковска-Симоска на тема “Квантитативна ЕЕГ анализа на АДХД и АСН: Дијагностика дополнета со биомаркер”, додека потпретседателката на здружението г-ѓа Весна Стојановска со својот говор ги поздрави присутните на конфренцијата.
Воедно на конференцијата учествуваа и други признаени експерти во својата област како што се: Д-р Дајан Фрејзер, оснивач на Француската школа за бихејвиорална терапија и супервизор на АБА Центрите “Аутизмот денес”, Д-р Јавуз Октај-Измирски Универзитет, Доц. Стојан Везенков, Проф. Пламен Божинов и други.