На последниот ден од меѓународната конференција учество зедоа повеќето истакнати професори и доктoри на науки во својата област од нашата земја, споделувајќи ги многубројните анализи добиени од спроведените истражувања и годините работно искуство за состојбата на невроразвојните нарушувања во нашата земја. Покажувајќи ја состојбата од раното детство па се до адолесценција преку дијагностичките методи, осврнувајќи се на третирањето на коморбидитетните состојби. Презентациите беа продолжени со дискусии и работилница, каде се даваа предлози за решавање на проблемите, истакнувајќи ја круцијалноста на соработката и комуникацијата меѓу сите инволвирани страни во процесот на развој на детето.
Последниот ден од конференцијата го затвораме со огромна благодарност и честитки за успешно организираниот настан на проф. д-р Силвана Марковска–Симоска и Македонската академија на науките и уметностите, како и посебна благодарност до сите предавачи за извонредните предавања и пренесувањето на дел од своето искуство.