Во попладневните часови во просториите на Македонската академија на науките и уметностите, Министерот за здравство Беким Сали и организаторите на конференцијата здружението “ВО МОЈОТ СВЕТ” и Македонската академија на науките и уметностите-МАНУ го прогласија официјалното отварање на Меѓународната конференција „Состојбата со невроразвојните нарушувања во РС Македонија: потреба од внесување на стандарди во дијагностиката и третманот“. Попладнето го обележаа еминентни предавачи од Франција, Турција и Бугарија, пренесувајќи искуства и новини за невроразвојните нарушувања, односно аутистичниот спектар и АДХД, за нивните предизвици, детекција, дијагноза и третман од детство па до адолесценција.