Меѓународна конференција – 22 Септември 2022

Научните излагања и дискусии продолжија на 22.09, повторно собирајќи голем аудиториум во утринските часови. Колеги, соработници и професори од земјата и странство дадоа осврт за улогата на биомаркерите и генетското тестирање со цел подобрување на дијагностиката кај невроразвојните нарушувања. Низ предавања и онлајн сесии беа истакнати резултати од многубројни истражувања за дијагнозата и третманот кај АДХД, аутистичниот спектар на нарушување и коморбидните состојби, особено акцент беше ставено на скрининзите и раното следење на деца од доенче до предшколска возраст. Исто така развојот на детето, детекцијата и третманот беше разгледано и низ призмата на родителите.

Поврзани информации: