Улогата на мултидисциплинарниот тим во скринингот на невроразвојните нарушувања

Децата со невроразвојни потешкотии сочинуваат меѓу 5% и 15% на глобално ниво кај општата педијатриска популација. Навремената и периодична проценка на развојот на малите деца овозможува
да се идентификуваат и третираат доцнењата во развојот што е можно поскоро и да се спречи губење на развојниот потенцијал.
Проценката се изведува преку еден мулти професионален и интердисциплинарен пристап. Често се вклучени многу категории на професионалци, како развојни педијатри, детски психијатри, психолози, специјални едукатори и рехабилитатори, логопеди и професионалци за социјална заштита.
Мултидисциплинарниот пристап за проценка и третман на невроразвојните нарушувања е посебно важен и дава поддршка и за семејствата со намалување на времето на чекање, подобрени тераписки сесии, и
поефикасно искористување на времето и ресурсите.

Поврзани информации: