Што се невроразвојни нарушувања?

Невроразвојните нарушувања се невролошки засновани состојби, поврзани првенствено со нарушено функционирање на нервниот систем и мозокот додека се сеуште во развој.

Невроразвојните нарушувања кај децата најчесто ги вклучуваат следните состојби: недостаток на внимание со или без хиперактивност (АДХД), аутизам, пречки во учењето, интелектуална попреченост, нарушувања на однесувањето, церебрална парализа и оштетувања на видот и слухот. Децата со невроразвојни нарушувања може да имаат тешкотии со јазикот и говорот, моторните вештини, однесувањето, меморијата, учењето или другите невролошки функции. Симптомите на невроразвојните нарушувања може да бидат изразени со лесна, средна или тешка клиничка слика.

Раната дијагнозата и третманот на овие нарушувања се особено важни. Третманот често вклучува комбинација од повеќе интервенции како лекарска помош и подршка, лекови, психолошки, дефектолошки и логопедски третмани, како и бихејвиорални и едукативни интервенции кои се применуваат дома или на училиште.

Поврзани информации: