
Ударот кој го зададе пандемијата последниве две години остави трајни последици врз физичкото и менталното здравје на сите, но пред се врз децата. Прегледите, интервенциите, едукацијата, социјалните игри и активности значително се намалија во обем. Сето тоа се одрази особено на највулнерабилната група, на децата со невроразвојни растројства, каде секоја минута на навремена проценка и третман се особено значајни за подобрување на нивниот психомоторен развој. Се намали и бројот на стручни и научни средби, конекциите и соработката меѓу професионалните лица. Почнувајќи со мали чекори, полека животот ни се враќа во нормала.
Интегрирањето на науката и научните достигнувања во праксата и стручните знаења со цел остварување на што подобри развојни достигнувања кај децата со невроразвојни нарушувања, кај кои пандемијата остави траен енграм врз целокупниот развој, претставува повод за организирање на нашиот научен собир. Здружение во соработка со секторот за невроинформатика при ИЦЕОР-МАНУ, има дводецениско искуство во истражувања од областа на невронауката, фокусирани на полето на дијагностички биомаркери како квантитативната електроенцефалографија (QEEG) – мапирање на мозокот, потенцијали поврзани со настани (ERPs), и терапевтски апликации на биофидбек и неурофидбек методологиите кај невроразвојните нарушувања, ја организираат Меѓународната конференција „Состојбата со невроразвојните нарушувања во Македонија: потреба од внесување на стандарди во дијагностиката и третманот“, која ќе се одржи од 21-23 септември, 2022 година во Скопје. Истата ќе биде акредитирана со бодови за КМЕ од страна на Лекарска комора.
Конференцијата ќе се одржува во просториите на Македонската академија на науките и уметностите МАНУ и овој пат ќе се одржат пленарни предавања, работилници и постер сесии, водени од страна на истакнати, меѓународни и домашни професионалци во својата област. Голем придонес со своето присувство ќе остварат сите стучни лица од областа на здравството, специјалната едукација и рехабилитација, логопедијата, информатичките науки, како и идните професионалци – студентите, а животните искуства и секојдневните предизвици ќе ни ги пренесат родителите на деца со невроразвојни нарушувања.
Интегрирањето на науката и научните достигнувања во праксата и стручните знаења со цел остварување на што подобри развојни достигнувања кај децата со невроразвојни нарушувања, кај кои пандемијата остави траен енграм врз целокупниот развој, претставува повод за организирање на научен собир.
Нашето здружение во соработка со секторот за невроинформатика при ИЦЕОР-МАНУ, има дводецениско искуство во истражувања од областа на невронауката, фокусирани на полето на дијагностички биомаркери како квантитативната електроенцефалографија (QEEG) – мапирање на мозокот, потенцијали поврзани со настани (ERPs), и терапевтски апликации на биофидбек и неурофидбек методологиите кај невроразвојните нарушувања, ја организираат Меѓународната конференција „Состојбата со невроразвојните нарушувања во Македонија: потреба од внесување на стандарди во дијагностиката и третманот“. Конференцијата е под поткровителство на министерот за здравство Беким Сали.
Конференцијата ќе се одржи од 21-23 септември, 2022 година во просториите на Македонската академија на науките и уметностите МАНУ и истата ќе биде акредитирана со бодови за КМЕ од страна на Лекарска комора.
- Теми на конференцијата:
− Невроразвојните нарушувања во клиничката пракса;
− Рана идентификација и рани интервенции на невроразвојните нарушувања;
− Улогата на мултидисциплинарниот тим во скринингот на невроразвојните нарушувања;
− Генетиката и генетските влијанија во разликите на манифестацијата на невроразвојните нарушувања;
− Невроразвојни нарушувања и коморбидитети;
− Аутизам и другите невроразвојни нарушувања: нови перспективи;
− Аутизмот од внатре (предавање од родители);
− Предизвици и перспективи на детската и адолесцентната психијатрија во Македонија;
- Форми на учество
– Постер презентации;
– Учество без излагање;
- Начин на пријавување на учество
Пријава на линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdyEFuR1HkRkSCafnmRI6i2numDljMBNDoIadYSc4S26w-9eQ/viewform
Ве замолуваме после плаќањето на котицазацијата да не контактирате на наведениот телефонски број или преку дадениот маил.
- Котизација
Рана регистрација за учество и уплата до 15.08.2022 година: 4000,00 МКД
Пријава и уплата од 01.08.2022 до 01.09.2022 година: 5000,00 МКД
Пријава и уплата од 01.09.2022 до 21.09.2022 година: 6000,00 МКД
Уплатата можете да ја извршите на жиро сметка на Здружението „Во мојот свет“: 250031000265419 Шпаркасе Банка.
Пријавата и учеството за студентите е бесплатно, бројот е ограничен.
КОТИЗАЦИЈАТА ВКЛУЧУВА:
Пристап на конференцијата,
Конференциски материјали,
Сертификат за учество
Зборник на трудови.
- Пријава на апстракти за постер презентација
– Доставување на апстрактите на маил: contact@vomojotsvet.org.mk
– Краен рок за доставување на апстрактите е до 15.08.2022 година
- Телефон за контакт – 078 323 791