Поддршка од град Скопје

Градот Скопје со поддршка се вклучува во спроведување на сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи што се реализира од Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ Скопје.
Со реализацијата на овој проект се овозможува квалитетен третман за сензорна интеграција на децата со аутизам и АДХД од семејства во ризик и со ниски примања. Овој третман нуди можност да се подобри квалитетот на живеење на децата со аутизам и АДХД и создавање услови за нивна самостојност.


Спроведувањето на сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи на секое децата им овозможува индивидуална дизајнирана најсовремена терапија за сензорна интеграција со вклучени логопедски и дефектолошки третман.

Превземено од профилот на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.

Поврзани информации: