Посета при Центарот за рани интервенции и третман на деца со нарушувања од аутистичен спектар – Во Мојот Свет – Охрид.
Претставници на Здружението Во Мојот Свет остварија средба со потпретседателката на Република Бугарија, г-ѓа Илијана Јотова, и Амбасадорот на Р. Бугарија во државата, г-дин Ангел Ангелов.
На средбата се дискутираше за работата на Центарот за рани интервенции, како и тековните проекти кои ги реализира Здружението Во Мојот Свет а се финансирани и поддржани од страна на Амбасадата на Р. Бугарија во Република Северна Македонија.
Претседателот на Здружението се заблагодари на поддршката која Република Бугарија ја дава на Р.С. Македонија а е во насока на помош и поддршка на лицата со аутистичен спектар.