Деца и нивните родители од Здружението „Во Мојот Свет“ на гости кај претседателот на Р. С. Македонија, господинот Стево Пендаровски и неговата сопруга, госпоѓата Елизабета Ѓоргиевска.
Од средбата, на својот профил, госпоѓата Елизабета Ѓоргиевска објави фотографии и напиша:
„Претпразнична дружба со децата и нивните родители од „Во мојот свет“, здружение за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој.
Средбата беше можност и за разговор со родителите на деца со аутистичен спектар, за предизвиците со кои се соочуваат и прашањата на кои можеме заеднички да работиме за да ја подобриме инклузијата во нашето општество.“