Проширување на Управен одбор на Здружението Во Мојот Свет

„Секој од нас чувствува дека она што го прави е само една капка во окенот. Но ако не правиме ништо, океанот ќе биде посиромашен за таа една капка.“ – Мајка Тереза.
Веќе цела деценија се трудиме капка по капка да придонесеме за подобрување на квалитетот на живот на лицата со аутистичен спектар на нарушување и атипичен развој, почнувајќи од раната детекција и третман, подобрување на условите за образование, остварување на социјалните права и збогатување на културно-забавниот живот, поддршка, насока и советување на семејствата, како и подигнување на јавната свест. За таа цел здружението континуирано се проширува, отварајќи центри за рана интервенција во повеќе градови низ државата, поддржува обуки, организира научни конференции. 
Важен дел од мисијата на здружението е промовирање и поттикнување на научно истражувачката дејност што воедно е повод за проширување на Управниот одбор на здружението со нови три членови:  
1. Проф. Д-р Силвана Марковска Симоска (детски и адолесцентен психијатар), Македонска академија на науките и уметностите2. М-р Марија Бојаџи Љатко (здравствен психолог), ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” – Охрид, и3. М-р Ангела Чингоска (специјален едукатор и рехабилитатор), Раководител на Центрите за рана интервенција и третман на деца со атипичен развој – Во Мојот Свет – Охрид.

Поврзани информации: