
Веќе трета година по ред успешно се спроведува проектот “Учиме, се дружиме, донираме! (Организирање на продажна изложба од изработките и донирање на средствата на семејство со член со Аутизам)”.
Проектот е финансиран од страна на Министерство за култура на Р.Северна Македонија и ги вклучува следните активности: Моделирање со глина, Изработка на глинени садови од глина, Сложувалки со мотив – народни носии и Боење народни носии.
Музеите претствуваат одлично место за учење и истражување на овие лица. Уметничкиот израз претставува начин за комуникација кај лицата кои немаат развиено говор и можност за искажување на сопствените мисли и чувства. Од образовен аспект овие лица стекнуваат нови знаења, развиваат и применуваат во пракса културни навики корисни не само при посета на Музеј туку и во институции од јавен карактер воопшто. Социјалната инклузија е важна компонента за секојдневниот живот на овие лица и нивно прифаќање во општеството. Преку реализација на овој проект се подобрува квалитетот на живеење на овие лица, вклчувањето на родителите ќе доведе до поголема компактност во семејството, подобрување на семејната клима, овозможување на нови начини за користење на слободното време и развој на хуман аспект, односно пружање помош на оние на кои им е најмногу потребно.
Здружението изразува огромна благодарност до Министерство за култура на Р. Северна Македонија, со надеж дека соработката ќе продолжи и во иднина.