Посета на претставници од Амбасада на Р. Чешка во Центарот за третман и рехабилитација на лица со атипичен развој Во Мојот Свет во Св. Еразмо – Струга

На ден 01.07.2021 во Центарот  за третман и рехабилитација на лица со атипичен развој Во Мојот Свет во Св. Еразмо – Струга се оддржа средба помеѓу претставници од Амбасадата на Р. Чешка, Заменик Министер за надворешени работи на Република Чешка, г-дин Алеш Шмелар, како и претставници на Здружението во Мојот Свет и вработени Во Центарот.

Оваа работна посета е продолжение на успешната соработка помеѓу Амбасадата на Р. Чешка во Р.С. Македонија и Здружението Во Мојот Свет.

Центарот за третман и рехабилитација на лица со атипичен развој -ВО МОЈОТ СВЕТ во рамки на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо” беше отворен  во 2019 година, а проектот беше реализиран со поддршка на Министерство за здравство, кое ги отстапи просториите за користење во рамки на болницата „Св. Еразмо“, а  опремувањето на центарот беше финансирано од страна на Амбасадата на Република Чешка во Скопје.

Поврзани информации: