Генерално годишно собрание (Annual General Meeting) – ADHD Europe

„АДХД е невроразвојно нарушување кое се јавува кај 5% од децата и адолесцентите и 4% од возрасните, независно од етничката, расната, родовата и социоекономската припадност во Европа и низ целиот свет (Clark, Carr-Fanning, & Norris, 2011).“
На 17 април над 70 учесници од 21 земја ширум Европа (членки на организацијата), од дома го зазедоа своето место пред компјутерските екрани по повод Генерално годишно собрание на организацијата АДХД Европа. Нејзина цел е унапредување на правата на лицата со АДХД, како и застапување на истите на секое ниво, ширум Европа, со цел исполнување на нивниот потенцијал.
И оваа година Здружението „Во мојот свет“ беше дел од Генералното собрание, претстваувано од страна на логопедот Марија Филипоска и специјалниот едукатор и рехабилитатор Ангела Чингоска.
На самиот почеток беа прегледани и истакнати активностите, достигнувањата и деталите за финансиите од изминатата 2020 година, а потоа беа презентирани резултатите од гласањето за промената во одборот на организацијата. Во продолжение беше претставен и новиот член, Фарските острови, кои дадоа кратко резиме за својата организација. А, потоа вниманието на аудиториумот го привлече презентацијата на д-р Барбара Франк (Barbara Franke) за „Билошки истражувања за АДХД“. Таа истакна дека институтот „Donders Institute for Brain, Cognition and Behavior“ во Холандија спроведува истражувања за подобрување на дијагнозата и третманот кај лица со АДХД. Исто така акцент стави на промените кои настануваат во мозокот кај лицата со АДХД, истакнувајќи дека користењето на техниките за претставување на формата и функцијата на мозокот (како што се Магнетна резонанца (MRI) и Компијутерска томографија (CT) се уште не даваат значајна точност во дијагностицирањето на АДХД.
Состанокот заврши со многу отворени прашања, нови цели и активности кои ќе се исполнуваат во тековната 2021 година и со желба следната година да се соберат што повеќе учесници во некоја европска дестинација.

Поврзани информации: