02 Април 2021

На иницијатива на Здружение Во Мојот Свет, а во знак на одбележување на Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизам, денес беа осветлени во сино следните објекти во Скопје и Охрид:

– Археолошки Музеј – Скопје
– Самуилова тврдина – Охрид
– Антички театар – Охрид
– Седиште на МПЦ ОА – Охрид
– Дворот на црквата Св. Софија – Охрид
– Куќата на Крапчевци – Охрид
– Куќата на Робевци – Охрид
– Стар охридски чун – Охрид
– Лапидариум – Охрид
– Градска библиотека – Охрид
– Биста на Григор Прличев – Охрид
– Споменикот на Св. Кирил и Методиј – Охрид
– Споменикот на Св. Наум Охридски – Охрид
– Фаќач на крст – Охрид
– Долна порта – Плоштад Александрија – Охрид

Иницијативата е дел од светската кампања „Light It Up Blue“, а Здружението „ВО МОЈОТ СВЕТ“ традиционално секоја година го одбележува овој ден со учество во активности за осветлување различни јавни објекти во различни градови во Македонија.

Иницијативата е реализирана во соработка со надлежните институции, Лајонс Клуб Лихнидос и ПАП Охрид.

Поврзани информации: