ВО МОЈОТ СВЕТ со нов идентитет

Членови, родители, помагатели, поддржувачи… пријатели…

Со особена чест и задоволство Ве информираме дека оваа година Здружението доби нов идентитет. Идентитет кој симболично ги претставува активностите на Здружението.

Експликација:

–          Иконата во средината е симбол за рехабилитација

–          Сината боја е бојата на Аутизмот

–          Сложувалката е симболот на Аутизмот

–          Различните бои ги претставуваат различностите во Аутизмот

–          Светот составен од сите различности со порака… „ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ.

–          10 ГОДИНИ „ВО МОЈОТ СВЕТ“

Дополнително, оваа година Здружението доби нов долг назив, односно Здружение за поддршка и третман на лица со аустичен спектар и атипичен развој „ВО МОЈОТ СВЕТ“ – Скопје.

Благодариме на довербата и поддршката…

Поврзани информации: