Денешната креативна работилница беше од деца за деца. Се’ што изработија четириесетина деца како свое мало уметничко дело, наскоро ќе биде изложено на хуманитарен настан. Секое дете покажа дека ниту една попреченост не е пречка да се направи хумано дело. Собраните средства ќе им помогнат на Лидија и нејзините четири деца Василиј, Тихон, Наума и Христо полесно да поминат еден тежок дел од својот живот. Возрасните се на потег да ја покажат својата хуманост и да направат две добри дела одеднаш: да наградат и да подарат.Им благодарам на Билјана, сопругата на амбасадорот на Бугарија во Скопје и на здружението ‘Во мојот свет’, затоа што ни го овозможија прекрасното дружење.