Центар за сензорна терапија Во Мојот Свет – Охрид објавува:

364views

Нашиот тим и овој пат имаше можност да учествува на успешно спроведената меѓународна онлајн конференција “Ефективни подходи за подкрепа на ранното детско развитие и междусекторно сътрудничество” организирана од страна на Центарот за социјална интеграција и рехабилитација на деца со пречки во равој „Карин Дом“ од Варна, Бугарија. Во периодот од 29 јули до 1 август експерти од повеќе области го споделија своето професионално искуство и знаење преку своите излагања, дискусии и работилници во кои беа вклучени сите учесници. Целта на конференцијата беше давање на предлози и стратегии за обединување на работата и напорите на здравствените работници, терапевтите, едукаторите, давателите на социјални услуги и родителските организации за ефикасно поддржување и интервенција во развојот на раното детство и вклучувањето на децата со посебни потреби во заедницата.

Поврзани информации: