На 5-тти Декември во Општата болница во Охрид а во присуство на Министерот за здравство на Р.С. Македонија Венко Филипче, Министерот за здравство на Република Бугарија Кирил Ананиев, првата дама во нашата земја Елизабета Георгиевска, како и Амбасадорт на Република Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов беше отворен првиот Регионален Центар за рани интервенции и третман на деца со нарушување од аутистичен спектар ВО МОЈОТ СВЕТ.
Центарот е на површина од 250 метри квадратни, кој има капацитет за 120 лица, располага со дефектолошки и логопедски кабинети кои се опремени со разновидни дидактички материјали кои се соодветни за потребите на децата, сензомоторна (Soft – Play room) и мултисензорна соба, како и други потребни услови за работа со деца со нарушувања од аутистичен спектар.
Проектот се реализира со поддршка на Министерство на здравство на Р.С.Македонија, кое ги отстапи просторите за користење во рамки на Општата Болница во Охрид, а реконструкцијата и опремувањето на центрите е финансирано од страна на Амбасадата Република Бугарија во Скопје.
Здружението изрази огромна благодарност до сите оние кои дадоа свој придонес за реализација на овој проект.