Врз основа на годишната програма на Министерство за култура на Р.С. Македониjа за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2019 година, проектот ‘Учиме, се дружиме и донираме” на Здружението Во Мојот Свет беше поддржан од страна на Министерството и успешно се спроведe во Музеј на Р.С. Македонија.
На ден 02.11.2019, Сабота се оддржа последната работилница предвидена во рамките на овој проект.На работилницата присуствуваа вкупно 15 дечиња, меѓу кои беа и Тихон, Василиј, Наума и Христо за кои и е наменета донацијата од продажбата на изработките.
Имавме чест да работилницата ја посетат Првата дама на Р.С. Македонија, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, г-ѓа Биљана Ангелова, сопруга на Амбасадорот на Р.Бугарија во Скопје, како и сопруги на други амбасадори во Земјата.
Со проектот беше предвидена изработка на садови од глина, боење на садови од минатото, изработка на накит, боење на народни носии и слично,од страна на дечиња со аутистичен спектар на нарушување со цел афирмација и промоција на културата во Р.С. Македонија.
Посебно сме горди што сите изработки се од деца со аутистичен спектар на нарушување и истите ќе бидат изложени за продажба, а средствата остварени од продажбата ќе бидат наменети за 4 детно семејство со самохрана мајка.