Во рамки на договорот кој што беше потпишан од страна на Здружението Во Мојот Свет и Амбасадата на Р. Бугарија во Р. С. Македонија, за реновирање и опремување на Центар за Едукација и Рехабилитација, Здружението започна со реновирање на просторот кој е сместен во Општата Болница Охрид, во одделот на Педијатрија.
Просторот располага со 200m2 и ќе биде соодветно адаптиран за работа со деца од најмала возраст – поточно од 2 до 8 години.
Опремата за работа во Центарот ќе биде обезбедена од САД и Велика Британија, и ќе соодејствува со сите светски стандарди за опрема наменета за ран третман за работа со деца со аутистичен спектар.
Овој Центар ќе биде прв од ваков тип, а е предвидено да биде регионален Центар кој ќе ја опфаќа територијата на Охрид, Струга и Битола.
Центарот треба да отпочне со работа до средината на месец Октомври.