За првпат оваа година, 2-ри Април, Меѓународниот ден на свесноста за аутизмот беше одбележан и во Охрид.
Настанот беше поддржан од страна на Амбасадата на Р. Бугарија во Р. Северна Македонија, Општина Охрид, Центарот за култура Григор Прличев, Шпаркасе Банка, Охридски бисер – Михајло Филев, , како и Здружението за култура и уметност Арт Вивенди – Охрид.
Исто така, за првпат оваа година Општина Охрид се придружи кон светската кампања Light It Up Blue и по повод Меѓународниот ден на свесноста за аутизмот ја осветли општинската зграда во сино.