На 07.11.2017 година во посета на Центарот за сензорна терапија Во Мојот Свет беше градоначалникот на општина Аеродром Г-дин Златко Марин. На едночасовната средба беа отворени неколку теми околу работата на Центарот и Здружението. Од страна на преставниците на Здружението беше посочена потребата од продлабочување на соработката од областа на Аутистичниот спектар и АДХД синдромот за перманентни предавања во градниките и основните училишта од општината во сверата на постојана едукација на кадри кои што работат со овие деца. На средбата стана збор и за организирање на една меѓународна конференција од областа на АДХД синдромот.
Во разговорот од страна на раководителот на Центарот беше посочена потребата за отварање на втора смена во центарот и вработување на уште еден дефектолог на која што Г-динот Марин веднаш одговори дека ќе излезе во пресрет на ова барање и од буџетот на општина Аеродром ќе издвои средства во износ од 300.000 денари за оваа намена.
Ветуваме целосна поддршка и инклузија на децата и лицата со попреченост и почнуваме веднаш со работа во таа насока. Очекувам уште многу заеднички проекти, со цел максимална инклузија за секој граѓанин во нашата општина, изјави градоначалникот Марин.
Упревниот одбор на Здружението и раководителот на Центарот изразуваат голема благодарност за неговата поддршка и неговото залагање за идна соработка.