Конференција на тема “АДХД – Дефицит на вниманието, хиперактивност и импулсивност”

443views

Во рамките на одбележувањето на меѓународниот месец на АДХД синдромот Здружението Во Мојот Свет организираше дводневна конференција која што се одржа на 25,26 Октомври во салата на Кинотека на Република Македонија.

Имавме прилика на Конференцијата во улога на предавачи да земат учество еминентни личности од меѓународната организација АДХД Европа. Имено, конференцијата ја отвори Г-ѓа Андреа Билбоу  од Велика Британија (Претседателка на АД

ХД Европа) и мајка на дете со АДХД синдром. Во своето излагање Г-ѓата Билбоу ја презентираше состојбата и проблемите кои се јавуваат во европските државите и можните решенија со кои што се соочуваат лицата и нивните семејства со АДХД синдромот.

Импресивно излагање на конференцијата имаше и членот на бордот на АДХД Европа и претседател на Здружението од Хрватска Будење Г-динот Марко Ферек кој преку сопствениот пример на присутниот аудиториум објасни како е да се живее и работи со овој синдром кој што за жал е се поприсутен помеѓу младата популација во Европа.

Како преставник од нашата земја на Конференцијата зеде учество и Г-ѓата Весна Цековска Дебрлиева која во текот на своето излагање го пренесе своето знаење и долгогодишно искуство во третирањето и третманот на децата со АДХД синдром. Во текот на престојот во Р.Македонија со Г-ѓата Андреа Билбоу беше разговарано за учество во заеднички проекти со Здруженијата членки на АДХД Европа и на спроведување на обуки за родители и стручни лица од најдобри тренери во Европа од областа на третманот на Адхд синдромот. Во текот на дводневната конференција присуствуваа повеќе од 360 партиципиенти (родители и стручни лица), бројка која што потврдува дека состојбата со овој синдром во нашата земја е алармантен и дека во иднина здружението во соработка со релевантните институции и ресорни министерства ќе се зафати многу посериозно пред се за будењето за свеста во општеството за постоењето на овој синдром кај младата популација и негово правилно третирање во сите сегменти.

Поврзани информации: