Здружението за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром Во Мојот Свет стана полноправна членка на АДХД Европа

635views

На покана на меѓународната асоцијација АДХД Европа која ги здружува организациите кој што се бават со проблематиката АДХД ширум Европа во периодот од 24-26 Февруари 2017 во Малага,Шпанија.Здружението за третман на лица со Аутизам,АДХД и Аспергеров синдром Во Мојот СВет  присуствуваше на Годишното собрание на асоцијацијата,каде беше претставена работата на здружението преку Поњер Поинт презентација од страна на подпретседателот на здружението г-дин Александар Стојановски беа презентирани активностите на здружението од областа на АДХД синдромот во Р.Македонија.

Во присуство на 40 членови од 20 земји едногласно беше изгласано равноправно членство на здружението Во Мојот Свет во Асоцијацијата АДХД-Европа.Управниот одбор на здружението изразува голема благодарност до управниот одбор на АДХД-Европа како и до Претседателката г-ѓата Andrea Bilbow.

Ве известуваме дека во наредните денови ќе биде презентиран целосен извештај во врска со главната тема на ова собрание и заклучоците кој беа донесени.

 

 

 

Поврзани информации: