Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ на покана на ССОУ „Моша Пијаде“ од Тетово учествуваше во проектот регионална подршка на инклузивното образование со дводневни работилници. Проектот е заедничка соработка на Советот на Европа и Европската Унија каде ССОУ „Моша Пијаде“ е носител на проектот како пилот училиште, заедно со уште три основни и три средни училишта од Републикава кои работат на проекти за инклузивно образование. Инаку на глобално ниво во целиот проект на Различности учествуваат 49 училишта од регионот.
Улогата на здружението беше одржување работилници на тема: инклузивен пристап во образованието и изработка на индивидуален план. Работилниците за кои се пројави голем интерес ги спроведоа афирмирани стручни лица од здружението.
Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ се заблагодарува на ССОУ „Моша Пијаде“ за поканата за учество во овој проект и го изразува своето задоволство за заеднички соработки од ваков тип кои вклучуваат различности и лица со посебни потреби.