Досие сино

947views

dosie_sino Здружението за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром Во мојот свет ја заокружува својата тригодишна работа со издавање на првото списание за аутизам, АДХД и Аспергеров Синдром Досие Сино во Република Македонија. Со издавањето на списанието се надеваме дека многу повеќе ќе влијаеме на подигање на јавната свест и ангажираноста на институциите во нашата земја за овој вид на нарушувања.

На страниците ќе можете да прочитате текстови од наши и странски стручни лица, ќе можете да ги споделите искуствата со други луѓе кои имаат членови со овие нарушувања, ќе можете да добиете совети од нашите стручни лица (педагози, логопеди, дефектолози, психопедагози), ќе споделите искуства и со луѓе од други земји кога станува збор за аутизмот, АДХД и Аспергеровиот синдром, ќе можете да дознаете за сите најнови достигнувања во светот на ова поле.

Сето ова нашите волонтери кои го работат Досие Сино го прават со една единствена цел, да помогнеме, да поддржиме, да подучиме, да бидеме похумани, навистина големи луѓе.

 

Поврзани информации: