ВОЛОНТЕРИЗМОТ ВО СЛУЖБА НА АУТИЗМОТ-Vol. 2

515views

a1maja1

ПРИЕМ ВО ВИЛА „БИЛЈАНА“-ОХРИД

Во тек на имплементирањето на проектот „Волонтеризмот во служба на аутизмот-Vol. 2“како и проектот „Летен камп на аутизмот“на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ учесниците од проектите на ден 8 Јули 2014 година беа гости на приемот кај сопругата на Претседателот на Р. Македонија, г-ѓата Маја Иванова во претседателската вила „Билјана“во Охрид. Г-ѓата Маја Иванова како покровител и подржувач на активностите за подигнување на јавната свест за аутистичниот спектар на нарушувања имаше можност да се запознае со целите и методите на проектот финансиран од Европската Комисија, доделен од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, истакнувајќи ги уште еднаш своите заложби и подршка на овој тип на општествено корисни активности и иницијативи. Исто така на г-ѓата Иванова лично и беа претставени и партиципантите од 6-те држави учеснички на проектот како и дел од родителите со дечињата кои беа дел од Летниот камп на аутизмот. Покрај тоа на приемот во вилата „Билјана“беа присутни и претставници од институции и стручни лица кои се на некој начин инволвирани во проблемот со аутистичниот спектар на нарушувања во РМ.

Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ ја изразува својата благодарност и задоволство до г-ѓата Маја Иванова за нејзината подршка и одвоено време како и до сите поединци и субјекти кои допринесоа и го збогатија овој настан.

Поврзани информации: