Улогата на педијатрите во рана детекција на аутистичен спектар

614views

a1x

Заедничка сеанса со здружението на педијатри

На 9 и 10 Мај 2014 година се одржа заедничка сеанса на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ со здружението на педијатри на Македонија во склоп на нивниот редовен 15-ти конгрес под работен наслов „Новини во педијатријата 2014“. На овој настан беше потенцирана неопходноста од поопсежно и стручно информирање, како и едукација на педијатрите како едни од првите и клучни фактори во раната детекција и проценка од аутистичен спектар на нарушувања. За таа цел, покрај излагањето на предавачите педијатри кои дадоа увид во новините во поедини области од педијатријата, настапија и стручни лица од здружението ВО МОЈОТ СВЕТ кои се директно инволвирани во работата со аутистичен спектар. Д-р Олга Јотовска ги претстави биолошките аспекти на аутистичниот спектар, д-р Мери Бошкова за раната детекција и клиничката проценка, а д-р Марија Ралева за инструментите за дијагностика на аутистичниот спектар. Присутните беа запознаени и им беше поделен screening тест, M-CHAT-R кој ја максимизира сензитивноста и претставува скала за рана детекција на аутистичниорт спектар и е наменет за матични лекари-педијатри (за процена на ризикот и рана детекција на аутистичен спектар кај децата).

Заедничката сеанса со здружението на педијатри помина во работна и креативна атмосфера при што ВО МОЈОТ СВЕТ ја изразува својата благодарност за интересот и соработката на здружението на педијатри како почеток на една соработка во која педијатрите ќе дадат својот значаен придонес во раната детекција на аутистичниот спектар на нарушувања во РМ.

Поврзани информации: