Спортски активности со POLAR

475views

d1

Кампањата „Еден свет за сите“ на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ продолжи овој пат во соработка со спортскиот клуб POLAR од Скопје. Во спортската сала на ОУ Јан Амос Коменски се одржа настан кој имаше за цел социјализација и игра на дечињата од здружението преку низа на насочени спортски активности преку специјални вежби за подобрување на координацијата и психомоторна реедукација под будното око на искусните тренери од клубот POLAR. Настанот помина во општо задоволство и одлична атмосфера, со интересни активности во кои и родителите се вклучуваа повремено. Здружението искажува голема благодарност до спортскиот клуб POLAR за добриот прием, високата професионалност и нивниот ангажман околу целиот настан со надеж за понатамошна соработка.

Поврзани информации: