Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ традиционално и оваа 2014 година го одбележа 2-ри Април, Меѓународниот ден на аутизмот. Централниот настан се одржа во холот на шопинг центарот Skopje City Mall со што се означи почетокот на целомесечната кампања „Еден свет за сите“ која здружението традиционално ја спроведува трета година по ред, со низа организирани настани, дружења и остварување на средби, со цел подигнување на јавната свест за постоењето на проблемот со аутистичниот спектар на нарушувања и обеезбедување на помош и подршка на децата и семејствата. Оваа година кампањата „Еден свет за сите“ здружението ја спроведува во партнерство со семејниот интернет портал Рингераја и подршка од здружението Волонтерски Центар Скопје. На настанот присуствуваа и високи претставници на институции, амбасадори, научни работници, лица од јавниот живот на РМ, како и родителите со своите дечиња кои го дадоа својот придонес во одбележувањето на овој значаен датум и подигнувањето на јавната свест што е од исклучителна важност за запознавање на сите структури во општеството за постоењето на проблемот со аутизмот и сите оние кои се директно или индиректно инволвирани, да им се помогне и обезбеди подршка како би излегле од маргините на нашето општество.
Со голема логистичка подршка на домаќините, Skopje City Mall и присуство на истакнати личности како шефот на делегацијата на ЕУ, неговата екселенција, г-нот Аиво Орав, г-ѓата Маја Иванова потоа амбасадорот на Р. Бугарија во РМ, г-нот Иван Петков и др. присутните ги поздрави г-нот Дарко Панчевски, претставник на Skopje City Mall, а свое обраќање имаше и г-нот Аиво Орав, потоа г-ѓата Марија Владички, хуманист и голем подржувач на здружението како и г-ѓата Sara Mc Pheeters од Peace Corps, директно инволвирана во работата со дечиња со аутистичен спектар на нарушување. Во музичкиот дел настапија дечиња од ПОУ Д-р Златан Сремац и ПОУ Маца Овчарова од Велес, потоа Златно Славејче и балетското студио Ребис, како и рецитал на сестричките Ане и Мони, членови на здружението. На настанот за првпат беше промовирана химната на аутизмот во продукција на браќата Тавитијан, а изведена од Мики Јовановски-Џафер и Ребека кои ги собраа и анимираа дечињата. Својата подршка ја изразија со своето присуство и претставниците на мото клубот Ноќни Волци-Македонија како и компании од бизнис секторот на РМ: Sparkasse Bank-Македонија чија маскота допринесе за подобро расположение и дружба на дечињата потоа Сојузот на стопански комори на РМ, BIC Македонија, Техномаркет и Центрофрута-Виница. На крајот беше составена големата сложувалка-симбол на аутизмот со помош на ракометарите на РК Металург кои поделија дресови од клубот на присутните дечињата. Настанот заврши со фотографирање и пуштање на балони во сина боја (бојата на аутизмот) пред објектот на Skopje City Mall.
Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ го искажува своето задоволство од успешно реализираниот настан, воедно и својата огромна благодарност до сите оние кои тоа го овозможија со своето присуство, подршка и корпоративна одговорност.
Во предвечерјето на 2-ри Април, како резултат на соработката на здруението со Архелошкиот музеј на РМ објектот на Археолошкиот музеј беше осветлен во сино во подршка на лицата со аутистичен спектар на нарушување и подршка на глобалната кампања LIGHT IT UP BLUE која се спроведува ширум светот, со што Македонија и овој наш истакнат објект се најде на страниците на Autism Speaks, водечка глобална мрежа и организација за аутистичен спектар на нарушувања.