Одбележување на 2 Април 2014 пред Дневниот центар за деца со аутизам

dc1

По повод 2-ри Април 2014 година, Меѓународниот ден на аутизмот во заедничка соработка на Министерството за труд и социјална политика и здружението за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром ВО МОЈОТ СВЕТ свечено се одбележа овој датум пред неодамна отворениот Дневен центар за деца со аутизам во Топанско поле во Скопје. Настанот започна во 13:00 часот со заедничко учество на претставници на Министерството и здружението ВО МОЈОТ СВЕТ, потоа дечиња-членови на здружението со своите родители, дечиња од ПОУ Златан Сремац, претставници од институции, стручни кадри и професори. На настанот присуствуваше лично министерот за труд и социјална политика, г-нот Диме Спасов, како и г-нот Срѓан Керим кој донираше средства на Дневниот центар. На настанот кој беше со огромна медиумска покриеност имаше рецитал од дечиња-членови на здружението, а потоа дечињата со помош на министерот и присутните ја составија големата сложувалка-симбол на аутизмот. Беа пуштени и балони во сина боја, а на крајот присутните можеа да извршат обиколка на просториите на Дневниот центар за деца со аутизам и да се уверат во неговата спремност и опременост за деца со аутизам. Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ се заблагодарува на министерството за труд и социјална политика за можноста за заедничко одбележување на овој ден, а воедно се заблагодарува и на дечињата и родителите од здружението кои во поголем број присуствуваа на настанот.

Поврзани информации: