Дводневна работилница за стручен кадар

329views

dsc1

Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ на 02 и 03 Ноември 2013 година реализираше дводневна работилница на тема „Консултативна и едукативна подршка во превенција на раните развојни нарушувања кај деца од една година до поаѓање на училиште“ која првенствено беше наменета за подршка на воспитувачите, стручниот кадар (дефектолози, психолози и логопеди) инволвирани во работата со деца со развојни нарушувања. Во соработка со CSPER центарот од Белград работилницата ја водеа Татјана Говедарица, реномиран дефектолог-реедукатор за психомоторика и Наталија Ристиќ, дефектолог и сензорно-интегративен терапевт од CSPER-Белград. Работилницата која помина во одлична атмосфера, со теоретски дел и практично-показни вежби, беше реализирана со учество на педесетина учесници во интерес на експедитивност во работата. Стручноста и огромното искуство во работата на предавачите како и ентузијазмот и задоволството од стекнатите искуства на учесниците даваат дополнителен мотив на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ за почеста и потесна соработка со експерти од оваа област. Покрај стекнатите знаења и искуства учесниците се здобија и со сертификат од работилницата, а здружението им се заблагодарува за големиот интерес и покажаниот ангажман во реализацијата на оваа работилница.

Поврзани информации: